Овен (21.03 – 20.04)
Самотијата ви е најдобриот другар, па обидете се да ја искористите најконструктивно. Обидете се од неа да излезете попаметни и подобри. Никогаш не сме доволно добри и успешни колку што сакаме да бидеме. Барем вреди да се обидеме
Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекуваат несредени односи со околината. Денеска воздржете се од потпишување на секакви договори. Ќе ве загрижува финансиската состојба. Во љубовниот живот можни се чувствителни расправии, прекини, нејасни односи и лажни ветувања. Здравјето е лошо.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не дозволувајте премногу да се опуштите, затоа што можете да го изгубите чувството за одговорност кон обврските. Денес малку потешко ќе ги следите настаните околу вас, што произлегува од вашата намалена концентрација. Тоа можете да го надминате ако малку посериозно пристапите кон обврските и ако не ги сфаќате работите премногу површно.
Рак (22.06 – 22.07)
Постојано делувате демотивирано, а кога луѓето ќе ве запрашаат зашто сте такви, вие тврдите дека ситуацијата не е таква. Престанете да глумите и подобрете ја вашата психичка состојба. Мора да научите да се радувате и на скромни нешта и да не се споредувате со другите.
Лав (23.07 – 22.08)
Во работата ситуацијата е нормална единствено што се можни некои недоразбирања со вашиот претпоставен.Кога некој ќе се обиде да ве допре имате чуство дека ќе експлодирате. Толку работи ви се насобрале, што едноставно се ве нервира. Спортот е идеално решение за пребродување на оваа краткотрајна криза.
Девица (23.08 – 22.09)
Навистина сте енергична личност но понекогаш претерувате и се форсирате. Тоа е една од причините поради која се чуствувате тотално исцрпени. Не сакате околината да забележи како се чувствувате, па многу вешто глумите.
Вага (23.09 – 22.10)
Во врска со вашата работа ве очекува крај на некои ограничувања и почеток на успеси и задоволства. Проблемите кои сте ги имале ќе ни нема, а финансиската ситуација ви е многу поволна особено кај Вагите кои бараат подобро платена работа. Среќата е на ваша страна, максимално искористете го тоа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Пред вас е успешен работен ден. Ако во моментот сте на одмор, ве очекува уште поголема среќа. Посветете му внимание на саканото суштество и на некое ваше омилено хоби. Со еден збор уживајте максимално.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе морате да се соочите со проблемите на работното место. Некој ваш колега не ви мисли добро и работи во ваша штета. Отворете ги добро очите и бидете повнимателни. Во љубовниот живот во сериозните врски ситуцијата е стабилна, а слободните потајно посакуваат некоја нова љубов.
Јарец (22.12 – 20.01)
Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имагинативната сила ви е многу јака, па добро би било да се занимавате со некаков вид на уметност. На тој начин ќе ги анулирате грешките на материјално ниво. Благодарение на смислата за организирање на работите, создавате поволни услови за нов бизнис, но во исто време невниманието може многу скапо да ве чини.
Риби (20.02 – 20.03)
Не влегувајте во ризични финансиски предизвици и не потпишувајте договори за партнерство, бидејќи би можеле да доживеете сериозна загуба. Исплатата на вашата плата или хонорар можеби ќе доцни така да ќе мора да се откажете од купувањето на планираните работи. Деловниот партнер не ги исполнува во потполност ветувањата кон вас така што за понатамошна соработка ќе треба добро да размислите.