28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBHP Billiton го продава секторот за никел

BHP Billiton го продава секторот за никел

bhp-billiton-logoty65y5y56

Најголемата светска рударска компанија „BHP Billiton“, со седиште во Мелбурн, има намера да ги продаде своите активности во секторот за никел.

„BHP Billiton“ ги разгледува сите можности за својот сектор за никел и би можела да продаде се или само еден дел од овој сектор, каде спаѓаат и рудниците и топилницата кои се сместени во западниот дел на Австралија, соопштија од компанијата, пренесува Ројтерс.

Оваа одлука е дел од пошироката програма за намалување на диверзификацијата на активностите, која освен никелот ќе ги опфати и алуминиумот и манганот, се со цел да се зголеми концентрацијата на активностите со железото, бакарот, јагленот и нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП