26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто Kia отповика седум илјади возила?

Зошто Kia отповика седум илјади возила?

kia mia233

Нешто повеќе од седум илјади сопственици на моделите „Sportage“ и „Soul“ од Велика Британија ќе добијат повик од „Kiа“ своите возила да ги доведат на вонреден сервис, а станува збор за проблем со безбедносните ремени.

Во оваа акција се опфатени 5.787 примероци на „SUV“ возилото „Sportage“ и „1.432“ автомобили „Kia Soul“. Во компанијата соопштија дека на возилата ќе им бидат преконтролирани механизмите за затегнување на безбедносните појаси.

Се сомнева дека на споменатите модели затегачите не им работат како што треба поради неисправен клип во механизмот, кој по потреба ќе биде заменет. Од „Kiа“ велат дека досега не е пријавен ниту еден случај на повреда на патник поради можниот дефект на појасите.

Примероците на моделот „Sportage“ кои се опфатени во овој отповик се изработени меѓу октомври 2011-та и ноември 2012-та во фабриката во Словачка, додека спорните „Kiа Soul“ се произведени во Јужна Кореа во периодот од август 2011-та до март 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП