22 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.05.2014

Дневен хороскоп 14.05.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Искористете ја добрата моќ на концентрација за оние работи кои долго сте ги одложувале. Завршете ги одамна започнатите планови и уредете го вашиот простор. Физичките активности ви се намалени, па ангажирајте се додатно и поминувајте повеќе од времето на чист воздух.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие сеуште сте спремни да вложувате напори за навремено извршување на работните задачи. Нека не ве мачат сомнежите од поголеми размери, бидејќи со нив ќе ги доведете во прашање вашите важни планови.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе ви се случуваат интересни работи. Еве ви причина за енормна количина на љубов во вашата околина. Само внимавајте да не претерате со добрината бидејќи некој лесно може да го искористи тоа, а вие да западнете во депресија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно да размислувате за проблемите во кои се наоѓате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова е одличен ден за љубов и емотивно задоволство, а прилично лош за работа. На тој план работите се одвиваат тешко и барааат дополнителна сила, која во моментот вие ја немате. Затоа обрнете му внимание на партнерот или на новата симпатија доколку сте слободни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во вашата работна средина ќе се случат некои големи кадровски промени. Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работа. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се за помали задоцнувања или застои во вашата кариера. Во последно време не донесувате реални одлуки, внимавајте некој ќе ве напушти.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чуствувате негативна енергија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денов е многу поволен за општествени активности и акции со кои на некого ќе му помогнете. Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

На работното место ќе соработувате и ќе контактирате со другите. Тоа е добро, бидејќи ќе го зацврстите пријателскиот однос, но исто така и заморно затоа што веќе имате доволно свои проблеми. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа најповеќе за неговите проблеми.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе биде изразена желбата за забава и дружење.Контактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Внимателно со финансиите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Морате да учите од сопствените грешки за да бидете подобри. Ќе ви одговара самотијата. На видик е некоја поголема финансиска добивка. Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП