4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot сака да ја зачува традицијата на француското производство

Peugeot сака да ја зачува традицијата на француското производство

pezo pro

Во времето кога автомобилската индустрија е се повеќе глобализирана, „Peugeot“ одлучи да ја негува традицијата на домашно производство во своите модели. Најновиот во низата модели на овој производител која ја носи етикетата „Гарантирано француско потекло“ е „Peugeot 308 SW“.

Иако производителите своите модели се почесто ги изработуваат надвор од матичните земји, по стандардните технологии и процедури, постојат купувачи на кои им е важно каде нивниот автомобил е направен.

Ознаката „Гарантирано француско потекло“ се доделува на производите кои се направени во Франција и чии 50% од деловите исто така се произведени во оваа земја. Пред новиот караван „308“, на ист начин беа декларирани и „Peugeot“ моделите „508“, „308“, „2008“, „3008“, „5008“, „208 GTI“ и верзијата „208 XY“.

pezo pro1

Во оваа компанија сметаат дека производстовто на територијата на Франција е многу важна, затоа што на тој начин се чува традицијата и квалитетот на кој французите се многу горди и се истакнува препознатливиот идентитет на брендот „Peugeot“.

„Peugeot 308 SW“, имаше премиера на женевскиот авто-саем во март 2014-та, а се произведува во градот Сошо, кој е лулка на овој бренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП