15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru развива нова модуларна платформа за сите модели

Subaru развива нова модуларна платформа за сите модели

sub mub

Матичната компанија на производителот „Subaru“, „Fuji Heavy Industries“, го претстави својот нов среднорочен план за работење кој се нарекува „Prominence 2020“. Иако планот дава некои нејасни предвидувања за иднината на „Subaru“, објавено е дека компанијата ќе претстави нова модуларна архитектура, која ќе биде основата за сите модели, од „Impreza“ па се до „Outback“.

Таа најверојатно ќе се нарекува „Subaru Global Platform“ (SGP), а прв пат ќе биде претставена во рамките на следната генерација на моделот „Impreza“. „Subaru“ исто така наведува дека ќе ја подобри својата линија на производи со фокус на „SUV“ моделите.

Како дел од оваа иницијатива, компанијата ќе претстави седмосед кросовер кој ќе го замени моделот „Tribeca“. Засега нема информации кога ова возило ќе биде претставено, но сигурно е дека ќе се произведува во Америка.

Овој план опфаќа и подобрување на ефикасноста кога станува збор за потрошувачката на гориво со додавање на директно вбризгување на сите нивни бензински мотори и воведување на технологијата за деактивација на цилиндрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП