21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.05.2014

Дневен хороскоп 13.05.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Односите со луѓето ќе бидат доста интензивни и интересни, но односите со претпоставените проблематични. Со една личност која многу ви значи како пријател не ќе можете да воспоставите однос како што сакате. Нешто ќе се попречи помеѓу вас. Работниот живот носи нови работни задачи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема да можете да се смирите нити да се одлучите за еден план или само за една личност. Ќе сакате да ги испитате сите можности, само ве предупредуваме дека тоа е наједноставниот начин да не ви успее реализација на ниту една шанса.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Нема да ви се допадне веста која ќе ја слушнете од колегите, за нивните активности без ваше знаење или дозвола. Иако ќе се трудите да ја откриете причината, вашата субјективност само ќе ви ги дозамати работите. Не дозволувајте ваквата состојба да предизвика емоционални кризи.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ако навистина негувате нежни емоции пробајте повеќе да ги изразувате, вашиот партнер тоа го очекува од вас. Во текот на денот ќе имате прилика да ја поправите вашата финансиска ситуација, но не ги зголемувајте трошоците.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Избегнувајте работи поврзани со недвижнини и немојте да бидете премногу сигурни во вашата мудрост. Нема да имате многу настани, па одморете се и соберете сила која ќе ви биде потребна за наредните денови. Сентименталниот живот ви е доста смирен и стабилен.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата потсвест би можела силно да делува врз вашето расположение денеска. Ќе се почуствувате осамени и напуштени. Ослободете се од црните мисли. Правете нешто убаво, договорете средба со пријателите, разговарајте и релаксирајте се.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако до крајот на денот успеете да го задржите позитивното чуство со кое сте се разбудиле утрово, денешниот ден ќе ви донесе добри прилики и уживање. Неочекуваните средби со некои луѓе можат да ви направат денот да ви биде многу забавен. Обидете се со нешто што сеуште не сте го направиле, а од секогаш сте посакувале.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидете поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска, ако сакате да оставите подобар впечаток на некој кој ви е многу важен. Кога станува збор за вашата финансиска ситуација, веројатно ќе имате некоја случка која доста ќе ве охрабри, па затоа обрнете повеќе внимание на инвестициите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе почуствувате потреба за искрен разговор со личност која без страв може да ги открие сите свои тајни. Доколку постои некој таков не се срамете да побарате дел од неговото време. После разговорот ќе се чуствувате подобро и поведро.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Од вашиот партнер ве очекува материјална поддршка. Тој навистина знае како да ве мотивира за да го промените својот пристап кон врската и тоа во позитивна смисла, бидејќи пак вие знаете да ги видите сопствените грешки.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете внимателни и настојувајте да избегнувате било какви штети.Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Добрите и лошите работи во животот се менуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти. Добро би било да можете да комуницирате полежерно и да не одлучувате за важни работи во овој ден. Денес опуштете се, релаксирајте се и не носете никакви важни одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП