27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus и BMW заедно работат на следната генерација на LFA?

Lexus и BMW заедно работат на следната генерација на LFA?

lfa con

Јапонскиот магазин „Best Car“ е убеден дека „Lexus“ и „BMW“ соработуваат на развојот на наследникот на моделот „LFA“, па на својата насловна страна објави компјутерска илустрација како би можел да изгледа овој суперавтомобил.

Ова не е прв пат во јапонските медиуми да се појават гласини за соработката на двата премиум производители на супер-спортскиот модел на „Lexus“. „Best Car“ за таква можност пишуваше кон крајот на 2013-та година, кога го понуди своето мислење за наследникот на „Lexus LFA“.

Во двата случаи информациите беа пристигнати од неофицијални извори, па така најавата за соработка меѓу „BMW“ и „Lexus“ треба да се земе со голема резерва. Исто така, многу малку е веројатно еден премиум производител како што е „BMW“ да му помогне на директен конкурент да конструира суперавтомобил.

Сепак, „Toyota“, која е сопственик на марката „Lexus“, и „BMW“ во 2013-та година потпишаа договор за соработка според кој се предвидува работа на два слични спортски автомобили, но никаде не се споменуваше приклучување на „Lexus“. Спортските автомобили за кои станува збор би требало да ги носат ознаките на „BMW“ и „Toyotа“.

Времето ќе покаже колку има вистина во овие информации на јапонскиот магазин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП