2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle го доби спорот со Google

Oracle го доби спорот со Google

Google-vs-Oracle

„Oracle“ ја доби правната битка против „Google“, откако Апелациониот суд на САД одлучи дека „Oracle“ има авторските права за дел од програмскиот јазик „Java“, кој „Google“ гокористел за развојот на оперативниот систем „Android“.

Процесот се набљудуваше со особен интерес во Силиконската долина. При еден од состаноците во 2012-та година во судницата сведочеа извршните директори на „Oracle“ Лари Елисон и на „Google“, Лери Пејџ, а законскиот проблем e клуч за начинот на кој технолошките компании ја заштитуваат интелектуалната сопственост.

Оперативниот систем „Android“ е глобално најпродаваната платформа за смартфони.„Oracle“ја поднесе својата тужба против „Google“ во 2010-та година, тврдејќи дека компанијата незаконски има вградени делови од „Java“ во „Android“.

„Oracle“ бара компензација во износ од 1 милијарда долари. Сојузниот судија во Сан Франциско пресуди дека „Oracle“ не може да претендира за авторските права врз делови од „Java“, но тројцата судии од Апелациониот суд ревидираа одлуката.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП