Овен (21.03 – 20.04)
Многу ви одговара самостојноста и работата во изолација. Емоциите ги потискате, а од малите проблеми со партнерот без причина умеете да направите вистинска драма. Моментално не сте во состојба за настаните трезвено да размислувате, па ги оставате за друго време. Занимавајте се со некое хоби и нешто од што имате директна корист.
Бик (21.04 – 21.05)
Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и научете мирно да настапувате. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори, и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
На работно место ќе ги отстраните пречките за деловниот развој. Искористете ги познанствата и наклонетоста на една влијателна личност. Вашата издржливост ќе се исплати. Свртете ја ситуацијата во своја корист и научете како попрактично да делувате за да имате и финансиска корист.
Рак (22.06 – 22.07)
Денеска подобро ќе се чувствувате. Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.
Лав (23.07 – 22.08)
Резултатите од работата се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте расправии и водете сметка за тоа што помалку да озборувате. Премногу планирате а малку остварувате, околината ве смета за несериозни, поправете ги постапките и сериозно ангажирајте се за нештата.
Девица (23.08 – 22.09)
Денеска ќе бидете повеќе расположени за другарување и разговори отколку за работа. Некоја личност која вие ја почитувате и многу ви значи, ќе се најде во проблеми кои нема да знае да ги реши. Иако ништо конкретно не ќе можете да сторите, сепак бидете покрај неа и дадете и поддршка и разбирање.
Вага (23.09 – 22.10)
Во исполнувањето на своите желби треба да бидете поотворени и поспонтани, доколку сакате да ве разбере околината. Во спротивно ве очекуваат непријатни изненадувања и драматичен и емотивен пресврт. Обидете се да нижете успеси на работа, тоа ќе ве врати на позитивниот пат.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Подготвени сте да и се посветите на работата и тоа целосно. Брзо ќе ги препознаете грешките и веднаш ќе најдете решенија како да се спасите од нив. Бидејќи се можни некои непријатности, добро би било во се денеска да бидете повнимателни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не се напрегајте, правете одмор од време на време ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили.
Јарец (22.12 – 20.01)
Љубовната ситуација ќе ви излезе од контрола. Ќе се чуствувате беспомошно и ранливо, особено поради некои гревови на партнерот од минатото. Спротивната страна може да ве погоди таму каде што сте најранливи. А тоа ќе испровоцира кај вас изливи на бес, но за жал во погрешно време и на погрешно место. Завртете се кон работата бидејќи тука можете да имате повеќе успех.
Водолија (21.01 – 19.02)
Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.