6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo продаде пола милион примероци од моделот XC60

Volvo продаде пола милион примероци од моделот XC60

volvo xc60

„Volvo XC60“, кој воедно е и најпродаваниот модел на овој производител од 2009-та година, во април ја надмина бројката од 500.000 продадени автомобили.

Oд почетокот на испораките, 2008-та година, „XC60“ константно бележеше зголемување на продажните резултати. Во 2012-та, „XC60“ за прв пат ја надмина годишната продажба од 100.000 примероци со оглед дека во таа година пристигна до 106.203 сопственици, а веќе во 2013-та беше продаден во повеќе од 114.000 примероци.

Во првите четири месеци од 2014-та година „Volvo“ продаде 41.920 примероци од моделот „XC60“, што претставува пораст од 24.2 проценти во однос на истиот период во 2013-та.

„Моделот „XC60“ покажа дека можеме рамноправно да се натпреваруваме со германските ривали како што се „BMW“ или „Audi“, a тоа ни дава сила сличен успех да повториме и со нашите идни автомобили“, вели Алаин Висер, потпретседател на одделението за маркетинг, продажба и грижа за купувачите во компанијата „Volvo Cars“.

Јубулејниот, 500-илјадити примерок на „Volvo XC60“ е наменет за купувач во САД, пазар кој всушност е најголемиот за „XC60“ со досега продадени 73.000 примероци.

Вториот најголем пазар за овој „SUV“ модел е Кина со 70.000 испорачани возила, а следат Германија, Шведска и Велика Британија.

„Растот на продажбата на „Volvo XC60“ претставува уште еден чекор кон нашата долгорочна цел, а тоа е на пазарот ширум светот да пласираме 800.000 автомобили годишно“, заклучува Висер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП