Овен (21.03 – 20.04)
Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате? Тогаш кога ќе се смирите ќе успеете да ги завршите сите работи, па дури и да добиете финансиска добивка.
Бик (21.04 – 21.05)
Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чуство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои им посветувате внимание навистина и го заслужуваат тоа, без оглед на вашите сомнежи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Енергетското ниво ви е стабилно, но вие сте неразумни, непредвидливи и не сте склони на анализирање на логиката на настаните. Вашата самодоверба моментално се граничи со суетата и поради тоа можете да претрпите финансиска загуба.
Рак (22.06 – 22.07)
Можеби ќе реализирате кратко патување. Ако осетите дека сте истоштени или не сте во состојба да се концентрирате кон извршување на вашите задачи најдобро е да ги одложите.Најдобро е да бидете сами и да ги намалите контактите бидејки буквално сте премногу емотивни и тоа дополнително ви создава бескопкојство.
Лав (23.07 – 22.08)
Тензиите ви се намалуваат, но и спротивставените сили ви се намалуваат. Бидете претпазливи, внимавајте што зборувате. Непријателите можат да ве вклучат во големи проблеми поради двосмисленоста на тоа што го кажувате.
Девица (23.08 – 22.09)
Ако сте самоиницијативни подобро ќе се снајдете и ќе успеете да ги завршите сите ваши дневни обврски без напор. Ако пак ја истакнете вашата мрзеливост ќе треба да ги извршувате по повеке пати работите, а тоа може да биде фустрирачко.
Вага (23.09 – 22.10)
Бидете подготвени за тешкотии. Ќе ги надминете само ако ги искористите потенцијалните можности. Размислете објективно за ситуацијата во која се наоѓате и не се обидувајте да направите повеќе од она што сте способни.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.
Водолија (21.01 – 19.02)
Расположението ви е прекрасно и денес ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели.
Риби (20.02 – 20.03)
Некаква врска ќе се уништи или ќе одлучите дека е бесцелна. Не мислете премногу на тоа. Ако мислите дека е вистински момент да ја раскинете оваа врска, направете го тоа и посветете и се на работата, бидејќи во последно време доцните со извршувањето на задачите.