28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови официјални фотографии од моделот BMW M4

Нови официјални фотографии од моделот BMW M4

m4 bmw

Германскиот автомобилски гигант ги објави новите официјални фотографии на својот модел „BMW M4 Coupe“. Ова е прв пат „BMW“ да ги одвои купе и седан моделите на „Serieѕ 3“, па така настанаа „Seriеѕ 3“ седан и „Seriеѕ 4“ купе.

Најновата генерација на „BMW M4“ може да се пофали со историја долга 28 години која за резултат даде логична структура на моделот.

m4 bmw1

Во некоја друга ситуација, моделот „BMW M4“ би ја носел ознаката „BMW M3“, но тоа едноставно мораме да го заобиколиме. Новиот „BMW M4“ зa 80 килограми е полесен во однос на моделот во заминување, па вкупната тежина на возилото е 1.497kg.

Помалата маса е постигната со употреба на пластика засилена со јаглеродни влакна, но и благодарејќи на употребата на покривот со јаглеродни влакна, алуминиумска каросерија и компоненти.

m4 bmw2

Под хаубата на моделот „BMW M4“ се наоѓа 3.0L „twin“ турбо мотор со шест цилиндри кој располага со 431ks излезна моќ при 5.390 и 7.000opm и 550Nm вртежен момент при 1.800 и 5.390 o/min.

Максималната брзина која може да ја развие овој автомобил е 250km/h, но таа може да биде зголемена на 280km/h со користење на изборниот „M“ пакет на опрема.

m4 bmw3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП