Овен (21.03 – 20.04)
Денеска ќе имате поволни прилики за продолжување или можеби нов почеток на некои големи потфати кои добро ќе ви се исплатат. На работното место ќе ви биде потребна среќа, бидејќи не ќе можете целосно да се концентрирате на работата.
Бик (21.04 – 21.05)
Ситуацијата во која денеска се наоѓате не е ни малку лесна, но далеку од тоа дека е безнадежна. Затоа опуштете се малку. На вашите сакани им е потребна вашата близина и внимание. Потрудете се да бидете потрпеливи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате прилика да тргнете по еден за вас нов пат, но една ваша фиксна идеја би можела да ве попречува. Ќе бидете во средиштето на вниманието. Финансиската состојба ви е повеќе од добра, па слободно направете листа на работите кои сакате да ги купите.
Рак (22.06 – 22.07)
Сте успеале да ја пребродите кризата и да испливате од проблемите и тоа од оние кои директоно делуваат врз вашето расположение. Работите ги држите под контрола , успешни сте и задоволни. Сите услови ви се наклонети, па што чекате искористете ги максимално.
Лав (23.07 – 22.08)
Сите работи ќе се одвиваат под ваша контрола, па затоа нема потреба од грижа. Ако мислите дека некои работи не се во најдобар ред консултирајте се со вашите соработници. Ве очекува некое патување надвор од границите на државата.
Девица (23.08 – 22.09)
Внимавајте на погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзан со некоја хонорарна работа.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите. Уживањето ќе биде краткотрајно. Ќе добиете вести од странство од некоја ваша драга личност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денов ќе ви мине во променливо расположение. Односите со околината ќе ви бидат нарушени: сметајте на семејни кавги, недоразбирања со партнерот, како и негативно навраќање на нерасчистени ситуации од минатото.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува уште една неразрешена ситуација. Семејните односи и контакти со најблиските се доста сложени и напнати. Но покрај се вие ќе успеете да исцрпите сила и да се снајдете. Ќе имате поддршка од една личност од која ќе извлечете и материјална корист
Јарец (22.12 – 20.01)
На работен план мислите дека се можете, но внимавајте, бидејќи е можно да направите грешка. Ако успеете сите работи да ги завршите како што треба патот за напредување ви е отворен. Постојат шанси за патувања, но од службена природа и кратки релации.
Водолија (21.01 – 19.02)
Очекувате покана за на некој краток излет, а ако се случи немојте да ја одбиете. Романтични или деловни патувања, па дури и ако се пократки во моментот добро ќе ви дојдат. Имате потреба за стекнување на нови знаења, а за тоа нема подобри работи од откривање на нови краеви и стекнување на нови пријателства.
Риби (20.02 – 20.03)
И покрај поразот кој ќе го претрпите во работата сепак ќе бидете во добро расположение. Ќе заклучите дека понекогаш и поразот е добредојден. Некои претставици ќе имаат бурни расправии со претпоставените кои на крај ќе завршат во нивна корист.