18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ43 проценти зголемен профитот на Emirates Airlines

43 проценти зголемен профитот на Emirates Airlines

emiratesairlines354f4e4fe4

Најголемиот авиопревозник на Блискиот Исток „Emirates Airlines“ минатата година го зголеми профитот за 43 проценти, благодарение на падот на цените на горивото и растот на бројот на патници.

Нето заработката во 2013 година е зголемена на 3,3 милијарди драхми (887 милиони долари) од 2,3 милијарди драхми (622 милиони долари) од претходната година, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на горивото се намалија за околу четири проценти, додека бројот на патници порасна за 13 проценти, изјави директорот на компанијата Ахмед бин Саед ал Мактум.

Авиокомпанијата во сопственост на Арапските Емирати минатата година имала рекордни 44,5 милиони патници, во однос на 39,4 милиони од претходната година.

Компанијата исто така ја зголеми и флотата на 217 авиони од 197 во 2012/13 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП