Овен (21.03 – 20.04)
Овој ден ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу конзумирате нездрави намирници.
Бик (21.04 – 21.05)
Доста поволен ден за финансиската страна која во комбинација со вашиот поглед на животот ќе ви овозможи значително подобрување на ситуацијата на вашата сметка. Добро е да прифатите некоја деловна зделка, меѓутоа внимавајте со какви луѓе си имате работа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ќе ви помогнат да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот во желбите од него да добиете подршка.
Рак (22.06 – 22.07)
Кај вас е присутна љубовта кон вистината, отвореноста и чесноста, па многу ќе се чудите кога нешто ќе тргне наопаку. Ќе бидете во ситуација јасно да го разграничите доброто од злото така што вашата совес ќе остане чиста и мирна. Благата нервоза е последина на вашиот колеричен темперамент.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе се чувствувате прилично лошо. Намалете го бројот на комуникациите и внимавајте што и пред кој зборувате. Личностите поврзани со вашата работа нема да ви бидат наклонети. Ќе има доста разочарување и стресови.
Девица (23.08 – 22.09)
Умереноста и одмереноста во се се најдобра варијанта. Не ги прифаќајте принципите на однесување од некој во ваша близина, кои се спротивни од вашите. Тешко ќе можете да ги пратите бидејќи вашата природа е поинаква.
Вага (23.09 – 22.10)
Сте се ускладиле со средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен работен ден, а тоа е така затоа што ве следи среќата.
Јарец (22.12 – 20.01)
Работите ќе ги извршувате многу смирено, а доколку нешто не ви оди од рака нама негативно да се одрази на вас. Бидете упорни во полето на финансиите, бидејќи имате голема прилика да ја подобрите паричната состојба. Ќе бидете во друштво со личности кои не ви се многу омилени, но со можностите кои ќе ви ги нудат ќе ве направат задоволни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Само ако бидете активни и сфатите што навистина сакате можете да се надевате на нешто. Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.
Риби (20.02 – 20.03)
Одлично ќе бидете расположени, но доколу не превземете ништо ваквата ситуација да потрае тогаш би дошло до сосема спротивното. Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи денов е одличен за уметност, а неповолен за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите на кино, театар – одлично ќе се чуствувате.