27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Golf Sportsvan (фото)

VW Golf Sportsvan (фото)

sporvan

Пред почетокот на продажбата на новиот „Golf Plus“, кој сега ја има ознаката „Sportsvan“, „Volkswagen“ ги објави техничките детали и фотографии на овој модел.

„VW Golf Sportsvan“ имаше премиера уште на саемот за автомобили во Франкфурт во септември 2013-та. Иако „Volkswagen“ тогаш инсистираше дека станува збор само за концептна верзија, немаше сомнение дека всушност тоа е возило кое е подготвено за производство.

sporvan1

Моделот кој некаде на половината од годината ќе пристигне кај првите сопственици во Германија и во другите европски земји, има непроменети спецификации во однос на концептот од Франкфурт.

Заснован на платформата „MQB“, „Sportsvan“ e за 90 kg полесен од претходниот „Golf Plus“ и во зависност од видот на моторот, ова возило е за 20 проценти поекономично во потрошувачката на гориво.

sporvan2

Палетата на погонски единици опфаќа четирицилиндарски турбо-бензинци со 85 ks, 110 ks, 125 ks и 150 ks и турбо-дизел мотори кои произведуваат 110 ks и 150 ks.

Со исклучок на основниот бензински мотор, сите останати се достапни и со изборен „DSG“ менувач со двојно квачило.

sporvan3

Најштедлив е „1.6 TDI BlueMotion“ со фабрички декларирана просечна потрошувачка од 3,9 l/100 km и емисија на јаглен диоксид од 101 g/km.

„Volkswagen“ тврди дека со дополнителниот „BlueMotion“ пакет кој содржи аеродинамички модификации и гуми со помал отпор, потрошувачката може да се намали на 3,6 l/100 km, a eмисијата на јаглен диоксид на 95 g/km.

sporvan4

Со оглед дека овој модел треба да има пространа и функционална кабина, германскиот производител овозможи задните седишта по потреба да се поместуваат во должина и до 180 mm, a зафатнината на багажниот простор со навалување на седиштата достигнува максимални 1.520 l.

„Sportsvan“ e првиот „Golf“ достапен со системот кој го предупредува возачот доколку наидува друго возило при паркирање во рикверц. Ако системот процени дека судирот е неминовен, а возачот притоа не реагира, автомобилот автоматски ќе закочи.

sporvan5

„VW Golf Sportsvan“ во Германија се продава по почетна цена од 19.625 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП