24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING објави загуба за првиот квартал

ING објави загуба за првиот квартал

ing lav

Најголемата холандска компанија за финансиски услуги „ING Group NV“ по повеќе од четири години објави прва квартална загуба, откако ја продаде осигурителната дејност во САД. Нето загубата е во износ од 1.92 милијарди евра (2,7 милијарди долари), во споредба со профитот од 1,9 милијарди евра, една година порано.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа за загуба од 2.08 милијарди евра. Во резултатите е вклучена сметководствената загуба во износ од 2 милијарди евра од продажбата на осигурителната дејност на „ING“ во САД, како и 1,1 милијарди евра одбивања поврзани со обврските на компаниите кон холандскиот пензиски фонд.

„ING“, основана во 1991-ва од спојувањето на банка и осигурителна компанија, беше принудена да продаде дел од своите средства под нивната книговодствена вредност за да се финализира преструктуирањето наметнато од антимонополните органи на ЕУ, откако тие и дозволија на холандската влада да и помогне на компанијата.

Претходно во оваа година „ING“ го продаде мнозинскиот удел во американската осигурителна единица која веќе се нарекува „Voya Financial Inc“. Ако се изземат овие еднократни одбивања падот на компанијата изнесува 16 % во профитот или 988 милиони евра во споредба со очекуваните 1,07 милијарди евра од страна на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП