9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОвој автомобил ja претставува иднината на Maserati (фото+видео)

Овој автомобил ja претставува иднината на Maserati (фото+видео)

mase

Оваа недела се одржува годишен состанок на акционерите на групацијата „Fiat Chrysler Automobiles“, а брендот „Maserati“ на компанијата ги изарадува своите обожаватели со веста дека концептот „Alfieri“ ќе влезе во производна фаза.

Моделот „Alfieri“ е именуван по најпознатиот од петтемината браќа, кои ја основаа компанијата, и беше претставен претходно во оваа година на автомобилскиот саем во Женева, со што беше одбележан 100-годишниот јубилеј на брендот.

mase1

Продажбата на „Alfieri“ се очекува да започне во 2016-та година, а една година подоцна ќе биде пуштена и кабриолет верзија. Пред извесно време моделот се очекуваше да го замени легендарниот „GranTurismo“, но наместо тоа „Alfieri“ ќе биде произведен заедно со овој модел.

Според презентацијата на „Maserati“ сите модели „Alfieri“ ќе бидат опремени со V-6 мотор. Возилата со заден погон ќе имаат мотор со 410 коњски сили, додека оние со 4х4 ќе имаат агрегати или со 450 или со 520 коњски сили. Интересно е дека од „Maserati“ објавија во истата презентација дека ќе го стопираат производството на кабриолет верзијата на „GranTurismo“ и ќе претстават нов модел „GranTurismo“ купе до 2018-та година.

mase2

Според последните прогнози на компанијата, „Maserati“ се надева да ја зголеми продажбата од 15.400 автомобили до 75.000 примероци до 2018-та година. Во плановите на автопроизводителот исто така се вклучува и зголемување на приходите од 1,8 милијарди долари до 8.4 милијарди долари во истиот период. Со очекуваното пуштање на четири нови модели во следните четири години, „Maserati“ е на пат да ги постигне своите цели.

Еве го и новиот модел „Maserati Alfieri“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП