Овен (21.03 – 20.04)
Ќе треба да бидете доста сериозни , рационални бидејќи во прашање е промена на работното место или избор на дополнителна работа. На тоа ќе бидете принудени иако не сте воодушевени со тоа што ќе треба да го работите. Финансиската состојба не е најдобра ќе мора да бидете поскромни во трошењето на парите.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес повторно длабоко ќе размислувате што ќе се случува понатаму во вашиот живот, но и на ова некогаш треба да се стави крај. Не рзмислувајте, туку креирајте го животот таков како што го посакувате. Започнете од најмалите чекори за кои мислите дека не се потребни, па зголемувајте го напорот и не се брзајте, трпеливоста треба да ви биде секојдневниот пријател.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Исклучитено несериозно ќе настапите во речиси сите аспекти од животот. Не ви се работи, не ви се учи, не знаете што со себе. Финансиската ситуација ви е загрижувачка, мора да пронајете начин да ја средите. Несериозноста е вашиот најголем непријател.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе направите некои погрешни заклучоци или погрешна проценка која може да биде многу важна за вашето работно место. Постојано имате проблем да сватите дека работата мора да постои во животот и дека мрзеливоста и негодувањето треба да ги отстраните.
Лав (23.07 – 22.08)
Претставните на овој знак повторно ќе имаат проблеми со нивниот карактер, дрско ќе се обидат да ја потценат околината и нејзините размислувања. Тоа што на вашите колеги им го правите, верувајте дека сите го забележуваат, а со тоа ништо не постигнувате само си го нарушувате угледот. Психичката состојба ви е загрижувачка.
Девица (23.08 – 22.09)
Ова е многу неповолен ден за вас, ќе ви излезат неочекувани проблеми, кавги и ситуации во кои вие ќе бидете единствениот губитник. Внимателно постапувајте, штетата не може да ја избегнете, но барем обидете се да ја намалите.
Вага (23.09 – 22.10)
Денешниот ден ќе ви биде исполнет со многу настани, обврски, планови, задачи, буквално со се, завршете се што можете бидејќи од тоа ќе зависи вашето унапредување на работа. Попладневните часови искористете ги за опуштање и средување на мислите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе го поминете во друштво со вашите пријатели. Обидете се да воспоставите добри односи и со вашите колеги и соработници, тие ќе ви помогнат околу извршувањето на работните обврски.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе почуствувате како настаните и околностите ви одат од рака. Ќе успеете да создадете посмирени односи со околината. Но сепак ќе постои нешто што по малку ќе ве измачува и ќе врши притисок врз вас. Некои мали провокации можат да ве исфрлат од рамнотежа.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а веднаш потоа ќе му искажувате огромна љубов. На работното место не ќе можете да стигните со обврските. Времето некако ви лизга низ прсти и мора малку да се позанимавате со негова реорганизација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сите активности кои ќе ги преземете ќе бидат поврзани со средување на вашиот простор за живеење, а сето тоа ќе ве направи задоволни. Бидете внимателни со повозрасните личности првенствено блиските и немојте да си дозволите да бидат навредени од ваша страна.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат. На љубовен план без некои посебни збиднувања.