10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОваа година BMW планира да продаде преку два милиони возила

Оваа година BMW планира да продаде преку два милиони возила

bendzo prodazba

Групацијата „BMW“ во која покрај матичната марка се и брендовите „Rolls-Royce“ и „MINI“, успешно ја започна 2014-та со скок во добивката и приходите во првиот квартал. Врз основа на резултатите од првото тромесечие, германскиот производител очекува рекордна продажба до крајот на годината.

„Добро започна годината за „BMW“ со нов рекорден прв квартал на полето на приходите и профитот пред оданочување“, изјави извршниот директор Норберт Рајтхофер.

Нето-профитот од јануари до март порасна за 11.4 проценти или на 1.46 милијарди евра, профитот од работењето изнесува 2.6 проценти или 2.09 милијарди евра, а приходите за 3.9 отсто или точно 18.23 милијарди евра. Во истиот период продажбата на автомобили порасна за 8.7 проценти или 487.024 возила.

„На основа на одличните резултати од првиот квартал, групацијата ја потврдува прогнозата за 2014-та“, неведуваат од „BMW“.

Во 2013-та година остварен е профит пред оданочување од 7.91 милијарди евра, а ширум светот беа продадени 1.96 милиони возила.

„На пат сме во 2014-та да оствариме рекордна продажба, поголема од два милиони возила“, вели Рајтхофер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП