7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAustrian Airlines во загуба поради Украина и Блискиот Исток

Austrian Airlines во загуба поради Украина и Блискиот Исток

austrijan airlines24

„Austrian Airlines“ во првиот квартал од 2014-та година забележа загуба од 54 милиони евра, а првенствено причината за намалениот број на летови е поради немирите во Украина и на Блискиот Исток.

Компанијата мораше да ги укине профитабилните летови за Багдад и Триполи поради моменталната ситуација на Блискиот Исток, а летовите за Украина се поретки со цел авионите да бидат полни. Заклучно со 31-ви март вкупниот промет бил 403 милиони евра и за 5.4 проценти е намален во споредба со минатата година, а и бројот на патници забележа пад од 2.2 проценти.

Сепак, бидејќи минатата година беше извршено планираното санирање, а меѓу останатото и преселувањето на седиштето на управата на „Tyrolean Аirlines“ во Виена, трошоците на компанијата во оваа година опадна за 7.4 проценти и изнесуваат 476 милиони евра.

Загубите во ваков износ сепак не се нетипични за австрискиот авио-превозник, бидејќи во истиот период минатата година „Austrian Airlines“ загуби 56 милиони евра. Директорот на компанијата Јан Алберт смета дека моменталната состојба не говори ништо за идните резултати и очекува подобри бројки отколку во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП