21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.05.2014

Дневен хороскоп 06.05.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денов е прекрасен за оние претставници кои се занимаваат со уметност, како и за оние кои работаат во здраството. Останатите припадници на знаков можеби ќе имаат проблеми со завршувањето на работните обврски, внимавајте на тоа, можно е да добиете отказ. Давате премногу ветувања, а не ги остварувате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однесување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Избегнувајте извршување на многу работи во исто време и површни акции. Здраствената состојба е чувствителна повеќе внимание обрнете на вашите нерви. Не се нервирајте за ситници, започнете постепено со работа и не и дозволувајте на мрзеливоста да ве оттргне од патот по кој чекорите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате проблеми во реализирањето на веќе започнатите работи, а можни се и нови работни задачи. Ќе ви биде тешко, бидејќи ќе намате некоја јасна претстава и добра организација. На емотивен план работите ги држите под контрола.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекуваат можности за врски во странство или личности кои доаѓаат од странство. Што се однесува до љубовта во ова поле ве очекува изненадување од страна на вашиот партнер, а слободните Лавови ќе бидат фасцинирани од личноста која ќе ја запознаат највероватно во друштвото со кое ќе бидат денеска.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се пониски цени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе морате што повеќе внимание да насочите кон работата игнорирајќи ги проблемите со колегите како и општите тешкоти кои не ќе можете да ги решите. Немојте да брзате некои тешкотии ќе исчезнат сами по себе. Морате да бидете поладнокрвни и поупорни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работните интереси ви се нагласени, може да се случи да завршите некоја голема работа која многу ќе ви помогне за промените кои ги имате на памет. Финансиската ситуација ви се подобрува. Можеби ќе добиете некоја порака која ќе има необично пријатен ефект кај вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидејќи работите повеќе работи истовремено и малку се одмарате, а повеќе се нервирате, ќе се најдете во една многу стресна состојба. Аеробик, спорт и што повеќе движење се одлично решение за излегување од кризата. Доколку бидете пасивни и од околината очекувате разбирање, а се трошите на непотребни работи навистина можни се големи проблеми и тоа особено со вашето здравје.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе направите нешто за кое не сте ни помислувале дека сте способни и ќе покренете лавина на возбудливи збиднувања. Ве очекува непалнирано службено патување или можеби посета од далеку. Можна е љубов на патување или интимна поврзаност со личност која живее далеку од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП