5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВетераните заминуваат од „Стемфорд Бриџ“!?

Ветераните заминуваат од „Стемфорд Бриџ“!?

teri lampard kol

Се уште не е јасно дали ветераните на Челзи, Франк Лампард, Ешли Кол и Џон Тери ќе ја продолжат својата кариера во клубот и наредната сезона.

Договорите и на тројцата играчи истекуваат на крајот на оваа сезона, а во моментов нема индикации дека тие ќе добијат предлог за нови договори. Дуелот со Норвич Сити вчера беше последниот на „Стемфорд Бриџ“ за сезонава, а донекаде симболично по неговиот крај, Лампард, Тери, Кол и Петар Чех направија почесна турнеја по теренот за да ја поздрават публиката, а сцената многу личеше на збогување.

„Сега треба да почекаме малку. Летото е многу долго за нас. Треба да бидеме спокојни, да разговараме и да ги анализираме можностите и опциите на трансферниот пазар“, коментира менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП