5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Porsche подготвува конкурент на BMW X6

И Porsche подготвува конкурент на BMW X6

cayenene

Поминаа деновите кога „Porsche“ се фокусираше исклучиво на моделот „911“. Продажниот успех на „Cayenne“ и „Macan“ влијаеше врз компанијата се повеќе да се свртува кон овој автомобилски сегмент.

Според информациите до кои дојде магазинот „Autocar“ говорат дека во плановите на германскиот производител е и проширувањето на постоечката гама со уште еден модел кој ќе ги има карактеристиките на коросовер.

Станува збор за купе-кросовер кој би бил заснован на следната генерација на моделот „Cayenne“ и  кој на пазарот би се појавил во 2018-та година како конкурент на „BMW X6“ и најавениот „Mercedes MLC“.

Во однос на „Cayennе“, новиот модел би има нешто пониска силуета од линијата на покривот која во стилот на купе благо би се спуштала кон задниот дел на автомобилот. Купе-кросовер моделот ќе ја задржи конфигурацијата на возило со 5 врати, а страничните прозори би имале помала површина отколку кај „Cayennе“.

Се очекува и растојанието на автомобилот од земја да биде нешто помал во однос на најголемиот „SUV“ модел на компанијата. На тој начин возилото ќе има помало тежиште, што би овозможило да има возни карактеристики во рангот на спортските автомобили.

„Porsche Cayenne Coupe“, како би требало да се нарекува новиот модел би бил поскап од актуелниот „Cayennе“ за 15-20 проценти и ќе биде достапен во неколку верзии, вклучувајќи и „Turbo“, „GTS“ и најмоќната „Turbo S“ со „twin-turbo V8“ мотор од преку 550 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП