4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралевите го меркаат Кошчелни

Кралевите го меркаат Кошчелни

koscelni 3

Од шпанските медиуми ни пристигнува многу интересна шпекулација, според која Лоран Кошчелни се сели од Арсенал во Реал. Иако делува нереално, добро упатените извори тврдат дека Анчелоти ги почитува квалитетите на францускиот дефанзивец.

Лоран Кошчелни и Пер Мертезакер во првиот дел од сезоната беа одличен тандем, одбраната на Арсенал во последните неколку години не изгледаше подобро. Сепак, по повредата и падот во формата на целата екипа и тие двајца одиграа лошо во вториот дел од сезоната.

Тоа, нормално, не го расипа впечатокот на тренерот на Реал кој го има стекнато за него. Кошчелни во дресот на мадридскиот клуб би можел да ја зголеми конкуренцијата и да ја чека својата шанса од клупата како поддршка на нестабилните Пепе и Рамос кои често имаат проблеми со картоните, па Анчелоти смета дека мора да има 4 врвни стопери во тимот.

Сепак, Арсен Венгер ќе стори се за да го задржи Кошчелни во Лондон, но се проценува дека на Реал ќе му биде доволно да одвои 20 милиони фунти за неговата слобода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП