2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes сака да ја модернизира G Сlasѕ (фото+видео)

Mercedes сака да ја модернизира G Сlasѕ (фото+видео)

g klasa

„Mercedes“ најави дека промените во рамките на следната генерација на „G Сlasѕ“ ќе бидат поголеми од претходно. Поради тоа моделот кој се очекува во продажба во 2017-та, практично ќе претставува потполно нов автомобил во однос на актуелната верзија.

Иако „Mercedes G Сlasѕ“ нема да ја промени својата ознака и намена, идниот модел ќе претрпи стилски промени на надворешноста, но и во ентериерот.

Во германската компанија и натаму се внимателни кога станува збор за корекциите на дизајнот на автомобилот. Се очекува познатиот теренец да ја задржи препознатливата коцкаста форма, но со некои нови детали кои ќе допринесат автомобилот да добие современ изглед.

За таа цел, дизајнерите би можеле да искористат некои стилски решенија од футуристичкиот концепт „Ener-G-Force“ од 2012-та.

g klasa1

„Мораме да бидеме многу внимателни кога станува збор за 35-годишното наследство на „G Сlasѕ“, со оглед дека им нудиме на купувачите единствено теренско возило кое претставува икона на „Mercedes“, објаснува шефот на „SUV“ одделението на германскиот производител, Андреас Циган.

Тој додава, покрај дизајнот кој скоро беше непроменет во текот на сите овие децении, „Mercedes G Сlasѕ“ најдобрите продажни резултати ги оствари токму во претходната, 2013-та година.

Во „Mercedes“ планираат идната „G Сlasѕ“ да биде полесна за повеќе од 200 kg, така што во конструкцијата ќе се користи повеќе алуминиум. Покрај тоа, автомобилот ќе биде поширок за околу 10 cm.

Покрај промената на надворешноста на возилото, „G Сlasѕ“ ќе добие и значително различен ентериер. Просторот во кабината ќе биде поголем и подобро искористен, а ќе се подобри и квалитетот на материјалот и комфорот на патниците и тоа благодарејќи на елементите превземени од најновата „Mercedes C Сlasѕ“.

„G Сlasѕ“ ќе биде технолошки усовршена благодарејќи на најновите системи на „Mercedes“ за безбедност и асистенција во возењето. Подобрувањата ќе опфатат и системи за суспензија и управување, вклчувајќи и електромеханички управувачки систем од најновата генерација.

„Mercedes G Сlasѕ“ за 2017-та година ќе биде опремен со нов шестцилиндарски 3.0-литарски бензински и дизел мотори, кои се во подготовка. Овие погонски единици најпрво ќе бидат вградени во новата генерација на „E Сlasѕ“ која ќе се појави на пазарот во 2016-та.

Бензинскиот мотор во основниот модел на „G Сlasѕ“ ќе произведува преку 360 ks, a дизелот повеќе од 300 „коња“. Двата мотори стандардно ќе бидат поврзани со деветбрзинските автоматски менувачи на „Mercedes“.

Како и досега, ќе биде присутен и престижниот „AMG“ модел кој е многу важен за компанијата, затоа што претставува половина од сите продадени примероци на „Mercedes G Сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП