Овен (21.03 – 20.04)
Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака.
Бик (21.04 – 21.05)
Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини. Лицата кои работаат со вас може да ви зададат мали проблеми.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни.
Рак (22.06 – 22.07)
Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек.
Лав (23.07 – 22.08)
Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка ќе излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале.
Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии.
Вага (23.09 – 22.10)
Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Во емоционалниот живот ве очекуваат непредвидени случувања. Внимавајте во сообраќајот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ќе сфатите дека вака повеќе не ќе можете, но не знаете што друго да правите. Мислите дека уште имате време и дека не е поволен момент, и со тоа го повторувате правилото дека не сте доволно способни да ги носите егзистенцијалните проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока.
Јарец (22.12 – 20.01)
Пред вас е одличен ден во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финансиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично.
Риби (20.02 – 20.03)
Денеска не сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот ќе мислите дека се најдоброто скривалиште. Водете сметка денеска на исхраната. Преоптеретениот желудник може да ви предизвика компликации.