26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМодерниот Fiat 124 Spider

Модерниот Fiat 124 Spider

Fiat 124 Spider

„Fiat“ и „Mazda“ потпишаа договор за соработка која подразбира развој и производство на нов „roadster“, a кој би требало да резултира со нови „Alfa Romeo Spider“ и „Mazdа MX-5“ (Miata).

Што се однесува до „Mazdа“ се и натаму се одвива според планот, но идната верзија со знакот на „Alfа“ најверојатно е загрозена. Имено, неодамна се појавија вести кои велат дека Серџо Маркионе планира сите „Alfа“ модели да се произведуваат само во Италија. Со тоа од комбинација испаѓа и новиот „Spider“ затоа што тој модел требаше да се произведува заедно со „MX-5“ во фабриката на „Mazdа“ во Хирошима во Јапонија.

Сепак, „Fiat“ нема да се повлече од проектот со „Mazdа“, па така италијанската верзија на идниот заеднички спортски двосед наместо знакот на „Alfа“ ќе го има на „Fiat“ или „Abarth“. „Alfa Romeo“ секако ќе добие свој „roadster“, но тој нема да биде резултат на соработката со „Mazdа“.

Еден лесен, помал спортски двосед би можел да биде вистинско освежување во понудата на „Fiat“, а во секој случај новата „Mazda MX-5“ и моделот на „Fiat“ меѓусебе ќе се разликуваат по дизајнот и палетата на мотори, а ќе ги одликува малата тежина и погонот на задните тркала.

„Fiat“ својата верзија би можел да ја рекламира како модерна интерпретација на некогашниот „Fiat 124 Spider“, a неговиот евентуален изглед е прикажан на овој компјутерски цртеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП