5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus нема да се произведува во Кина

Lexus нема да се произведува во Кина

lexis

Зa разлика од многу други луксузни автомобилски брендови, „Lexus“ засега нема намера да се ги изработува своите модели во Кина, сметајќи дека тоа би го довело во прашање високото ниво на квалитет во своите автомобили кој е заштитен знак на оваа марка.

„Audi“, „BMW“ и „Mercedes“ се најпознатите премиум производители кои свои модели изработуваат во Кина. Нивниот пример го следат и други луксузни автомобилски марки, додека некои дури тек планират да го започнат производството во оваа земја.

Пресметката е јасна – на тој начин се намалуваат трошоците за производство и транспорт на автомобили кои им се испорачуваат на купувачите поединечно на најголемиот светски пазар.

Иако има амбиции еден ден да ги достигне трите најголеми премиум производители, „Lexus“ своите автомобили нема да ги изработува во Кина. Шефот на „Lexus“, Токуо Фукуичи, изјави дека не смее да ризикува пад на квалитетот на своите автомобили, алудирајќи на тоа дека моделите кои се изработуваат во Кина нема да бидат доволно добри за купувачите на „Lexus“.

„„Audi“, „BMW“ и „Mercedes“ имаат значително подолга традиција од нас. Имиџот на овие брендови во јавноста е јасно профилиран. Од друга страна, ние сме многу помлад бренд кој постојано мора да се докажува и да одржува високо ниво на квалитет со кој на пазарот не идентификуваат“, вели шефот на „Lexus“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП