7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord го именуваше новиот директор

Ford го именуваше новиот директор

direktori ford

Алан Мулали, генералниот директор на компанија „Ford Motor“ заминува во пензија, а на негово место ќе дојде Марк Филдс, кој досега ја извршуваше должноста извршен директор, објави американскиот производител на возила.

Филдс вчера изјави дека нема да именува нов извршен директор и дека не планира никавки извршни промени: „Структурата засега е сосема во ред“.

Мулали (68) е заслужен за трансформацијата, на вториот по ред производител на автомобили во Америка, од губитник до компанија која очекува осум милијарди добивка во оваа година. Инаку тој се придружи на „Ford“ по кариерата во компанијата „Boeing“.

Именувањето на 53-годишниот Филдс за генерален директор беше сосема очекувано, наведува „Reuters“.

Новиот директор на „Ford“ изјави дека своето внимание ќе го насочи кон продолжувањето на планот „Еден Форд“ кој го постави неговиот претходник. Тој план подразбира детални технички податоци и дизајн на автомобилите на глобално ниво, со што ќе се подобри квалитетот и ќе се намалат трошоците.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП