2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRimac најде инвеститори за производство на Concept One

Rimac најде инвеститори за производство на Concept One

Rimac-Concept-One-3-4-Front2

По неколку години промовирање на електричниот суперавтомобил „Concept One“, хрватската компанија „Rimac“ е на добар пат конечно да го започне производството на овој модел.

Засега се обезбедени средства од два извори. Првиот инвеститор е Колумбиецот Канајет Јепес, кој е фан на супер-спортските автомобили, но и поддржувач на електричниот погон во авто-индустријата и зелената технологија.

„Rimac“ другиот дел од средствата ги обезбеди преку кинеската компанија „Sinocop Resources“ која најави дека ќе откупи 10 проценти од акциите на хрватската компанија во вредност од 7 милиони евра. Поради тоа што ги осигура почетните средства за изработка за електричниот суперавтомобил, хрватската компанија планира до крајот на 2014-та година да вработи уште 50 до 100 работници, со цел да се подготви за производство.

„Rimac Concept One“ е претставен во 2011-та година саемот во Франкфурт каде привлече големо внимание на посетителите и стручната јавност. Оттогаш, компанијата работи на промоција и плановите за производство на овој автомобил чиј електромотор развива 1088 ks и е во состојба од 0 дo 100 km/h да забрза за 2,8 секунди.

Според претходните најави, планирано е производство на 88 примероци, а цената на едно возило би била околу 750.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП