2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Berlin најавува радикални промени

Air Berlin најавува радикални промени

airberlin115afba146c845

Германскиот авиопревозник „Air Berlin“ планира наскоро да започне со „радикални промени“, по загубата во 2013 година, вели извршниот директор на компанијата Волфганг Прок-Сауер.

Презадолжената авиокомпанија наведува дека ќе го зајакне својот капитал за 450 милиони евра со емисија на два вида обврзници, пренесува агенцијата Франс прес.

Најголемиот акционер во „Air Berlin“, авиокомпанијата „Etihad“ од Абу Даби ќе инвестира 300 милиони евра во обврзници кои ќе можат да бидат претворени во акции на „Air Berlin“.

Германскиот авиопревозник планира во претстојните месеци да развие нова стратегија, која ќе му овозможи на одржлив начин да се позиционира на профитабилна територија.

„Мора да започнеме со радикалните промени“, изјави Прок-Сауер.

„Air Berlin“ во минатата година забележа нето загуба од 315,5 милиони евра, што е неговата петта загуба во последните шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП