25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОсвежениот Saab засега само во Шведска и Кина

Освежениот Saab засега само во Шведска и Кина

saab novi

Новиот сопственик „Saab“, „National Electric Vehicle Sweden“ (NEVS), најави дека по првите изработени модели на „9-3 Aero“ со бензински и електричен мотор, има во план да започне производство и на караван верзија „9-3 SportCombi“. Обновените модели на „Saab“ на почетокот ќе бидат достапни само за купувачите на шведскиот и кинескиот пазар.

„NEVS“ кон крајот на минатата година го изработи првиот пример на старо-новиот „Saab 9-3 Aero“ опремен со 2.0 литарски турбо-бензински мотор, а во почетокот на април од фабриката во Тролхатан излезе и првиот прототип со електричен погон.

Директорот на „NEVS“ задолжен за односи со јавноста, Микаел Остлунд изјави дека по овие два ќе следи и трет модел, а станува збор за караванот „9-3 SportCombi“, заснован на верзијата од 2008-та година која се продаваше пред „Saab“ да западне во финансиски проблеми.

Остлунд рече дека новото раководство ја разгледува можноста за обновување на „Saab 9-3“ кабриолет, но засега се уште нема конечна одлука за тој модел.

„Saab“ во меѓувреме продолжи со развојот на платформата на која е базиран концептот „Phoenix“ од 2011-та година. Oваа платформа би требало да ја користи следната генерација на „Saab 9-3“, но и некој друг иден модел.

На почетокот, „Saab“ своите автомобили ќе им ги понуди исклучиво на купувачите во Шведска и Кина, но Остлунд вели дека „NEVS“ ја анализира можноста за продажба и на други светски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП