Швајцарскиот производител на цемент „Holcim“ го зголеми оперативниот профит за девет проценти во првиот квартал, главно благодарение на успешно спроведената програма за намалување на трошоците.
Оваа швајцарска компанија која се подготвува да се спои со француската групација „Lafarz“, во првиот квартал од 2014 година забележа оперативен профит од 295 милиони франци (242 милиони евра), додека во истиот период минатата година тој изнесуваше 270 милиони франци, пренесува Ројтерс.
Поради валутниот негативен ефект, приходите во првиот квартал се намалени за 5,4 проценти, на 4,09 милијарди франци, а кога ќе се исклучи влијанието на курсевите, излегува дека продажбата пораснала за 7,8 проценти на годишно ниво.
Благата зима во Европа беше дополнителен поттик за градежниот сектор, се вели во соопштението.