28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKoenigsegg подготвува нов модел

Koenigsegg подготвува нов модел

argera2

По топ моделот „One:1“, шведскиот производител на супер-спортски автомобили има во план производство на ново возило кое ќе биде позиционирано под „Agerа“.

Како што изјави сопственикот и основач на компанијата, Кристијан Вон Коенигсег, новиот автомобили ќе биде основен модел на овој производител и за разлика од „Agerа R“ или моделот „One:1“ кои чинат преку милион евра, тој ќе биде ценовно „достапен“.

„Иако нема да биде толку скап како останатите наши автомобили, далеку од тоа дека новиот модел ќе биде евтин или помалку ексклузивен“, додава Коенигсег со напомена дека цената на тој автомобил ќе се движи меѓу 430 и 500 илјади евра.

„Новиот „Koenigsegg“ нема да се натпреварува со автомобилите како што се „McLaren 650S“ или „Lamborghini Huracan“, затоа што конкуренцијата тука е многу поглема, па тој ќе биде позициониран над овие модели“, објаснува тој.

За разлика од некои големи производители на суперавтомобили, како што се „Ferrari“ или „McLaren“, „Koenigsegg“ нема намера да воведе хибриден погонски систем. Тој смета дека ќе поминат најмалку десет години пред него технологијата за батеријата доволно да биде унапредена за да може оптимално да се користи во спортските автомобил.

Од „Koenigsegg“ засега не соопштија повеќе детали за новиот модел, а се очекува тој автомобил да има послаб мотор во однос на 5.0-литарскиот „twin-turbo V8“ со 960 ks и 1100 Nm кој се користи за погон во моделот „Agerа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП