20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.04.2014

Дневен хороскоп 28.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема да имате проблеми со изразувањето на своето мислење, меѓутоа тоа што секој пола час ќе имате друго мислење за иста работа тоа веќе е друг проблем. Во потрага за различни настани досадата ќе ви биде најголем противник, а против неа ќе се борите забавувајќи се самите себе со најразлични ситници.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве прати во секој поглед. Па тогаш што чекате? Искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу ви годи тимска работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже – можете да станете нечија жртва.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Нема да се жалите дека на работното место ви е здодевно. Ова е ден на вистински предизвици. Постои можност од промена на работата или унапредување. Послушајте ги советите на ваш пријател во кој имате голема доверба.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност. Уживајте во работата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Некој ќе ви се налути и ќе замине од вашиот тим поради сите ваши ветени нешта кои никогаш не сте ги оствариле, размислете како веднаш да ја поправите оваа ситуација, тоа скапо ќе ве чини.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до деловниот живот во фокусот ќе ви бидат само парите. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се занимавате со конкретни работи, заработка, имот, купување или продавање. Иако работното темпо ќе ве исцрпува сепак ве води кон успеси. Вашето семејство има потреба од вас, покажете и дадете им ја вашата поддршка.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате? Тогаш кога ќе се смирите ќе успеете да ги завршите сите работи, па дури и да добиете финансиска добивка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чуство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои им посветувате внимание навистина и го заслужуваат тоа, без оглед на вашите сомнежи.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Од моменталната ситуација многу ќе очекувате. Имате потреба да спроведите комплетна промена во вашиот начин на живот. Дали ќе се обидете со промена на работата или можеби за посериозни планови семејството, тоа не е познато. Она што е заедничко за сите е подобрување на приликите не само емотивни туку и финансиски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП