8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVMware над очекувањата во првиот квартал

VMware над очекувањата во првиот квартал

vmare

Производителот на софтвер „VМware“ за првиот квартал објави приходи кои се поголеми од очекувањата, а исто така и за тековниот квартал најави приходи кои ќе бидат нешто поголеми од очекувањата на аналитичарите.

„VМware“, во кој производителот на опрема за складирање на податоци „EMC“ има удел од 80%, соопшти дека во првите три месеци од оваа година приходите изнесувале 1.36 милијарди долари, во споредба со минатогодишните 1.19 милијарди долари. Во исто време добивката порасна од 173 на 199 милиони долари.

За тековниот квартал, компанијата „VМware“ најави дека очекуваат приходи помеѓу 1.43 и 1.47 милијарди долари, што исто така е над прогнозите од страна на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП