18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.04.2014

Дневен хороскоп 23.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Активностите со кои треба да го завршите проектот, веќе подолго време ве оптеретуваат и никако неможете сериозно да им се посветите. Соберете сила, бидејќи работите можат темелно да се променат и целата досегашна работа да ви оди во вода. На емотивен план ќе го решите проблемот со љубомората но само навидум.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не започнувајте ништо ново во било кој аспект од вашето живеење. Најдобро би било да се посветите исклучиво на неопходните дневни обврски и да се одморите. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер, направете нешто барем тој да не ја почувствува вашата безволност.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Скоро цел ден ќе го поминете во пријатни дружења со пријателите и вашите блиски. Освен тоа што ќе се забавувате во некои необврзувачки разговори би можеле да слушнете и некои информации кои добро ќе ви дојдат за во иднина.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешниот ден е доста поволен како на професионален план така и финансиски. Она за што треба да ве предупредиме е некое старо непријателство кое ќе биде заострено. Иако не сакате лоши односи би било добро да се дистаницирате од личности за кои сте уверени дека не делуваат позитивно на вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Бидејќи е зголемена склоноста кон популарност, љубов и уметност – не чекајте веднаш почнете со нешто. Резулататите навистина ќе бидат огромни. Здраствената состојба е чуствителна можни се ревматски проблеми, внимавајте и на исхраната.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Очекувајте комплименти во врска со добро завршената работа. Тоа во моментот многу ќе ви годи и ќе ви дава елан за да продолжите со деловните потфати. Тоа е вистинската работа која долго сте ја очекувале.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Многу ќе бидете активни, ќе се трудите да го исполнете сето она што сте го планирале. Меѓутоа она што е поврзно со пари нема да ви оди од рака од една причина, бидејќи вашите фондови се прилично испразнети. Ќе бидете многу друштвени, но ќе го одбирате друштвото во кое ќе водите главен збор, немојте да очекувате дека сите ќе ви се поклонуваат, напротив можно е да влезете и во судири.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Помалку сте потиштени. Не сакате да ве види околината во таква состојба, па затоа се повлекувате во некој ваш свет и правите работи кои ви причинуваат задоволство. Една од причините за лошото расположение е некој здраствен проблеми или пак прекинување на некое старо пријателство.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема да можете да се смирите нити да се одлучите за еден план или само за една личност. Ќе сакате да ги испитате сите можности, само ве предупредуваме дека тоа е наједноставниот начин да не ви успее реализација на ниту една шанса.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако до крајот на денот успеете да го задржите позитивното чуство со кое сте се разбудиле утрово, денешниот ден ќе ви донесе добри прилики и уживање. Обидете се со нешто што сеуште не сте го направиле, а од секогаш сте го посакувале.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во текот на денот ќе имате прилика да ја поправите вашата финансиска ситуација, но не ги зголемувајте трошоците.Сите преостанати пари кои не сте ги потрошиле тргајте ги на страна, доаѓаат периоди во кои ќе ви бидат потребни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нема да ви се допадне веста која ќе ја слушнете од колегите, за нивните активности без ваше знаење или дозвола. Иако ќе се трудите да ја откриете причината, вашата субјективност само ќе ви ги дозамати работите. Не дозволувајте ваквата состојба да предизвика емоционални кризи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП