27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.04.2014

Дневен хороскоп 22.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Веќе подолго време се инаетите, тоа не е поволно за вас ниту за околината, а можно е да бидат предизвикани и последици за кои во иднина ќе се каете. Неколку грешни потези ќе ве натераат повторно да размислите, но не го користете инаетот, не треба се да биде по ваше.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното место ќе ги отстраните пречките за деловниот развој. Искористете ги познанствата и наклонетоста на една влијателна личност. Вашата издржливост ќе се исплати. Свртете ја ситуацијата во своја корист.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу ви одговара самотијата, односно работа во изолација. Емоциите ги потискате, а од малите проблеми со партнерот без причина умеете да направите вистинска драма. Моментално не сте во состојба за настаните трезвено да размислувате, па оставате ги за друго време.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе сакате да се одморите, но тоа нема да ви оди од рака. Врската со некоја помлада личност било тоа да е емотивна или деловна во секој случај е доста значајна. Резултатите од работата се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте расправии и водете сметка за тоа што помалку да озборувате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денеска ќе бидете повеќе расположени за другарување и разговори отколку за работа. Некоја личност која вие ја почитувате и многу ви значи, ќе се најде во проблеми кои нема да знае да ги реши. Иако ништо конкретно не ќе можете да сторите сепак бидете покрај неа и дадете и подршка и разбирање.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денеска подобро ќе се чуствувате. Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра. Избегнувајте да патувате, бидејќи планетите не ви се наклонети за тоа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не се напрегајте, земете одмор од време на време, ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Подготвени сте да и се посветите на работата и тоа целосно. Брзо ќе ги увидувате грешките и веднаш ќе наоѓате решенија за нив. Бидејќи се можни некои непријатности, добро би било денеска да бидете повнимателни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Домашните проблеми и несогласувања ви создаваат тешкотии. А тоа ќе испровоцира кај вас изливи на бес, но за жал во погрешно време и на погрешно место. Завртете се кон работата бидејќи тука можете да имате повеќе успех.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП