29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.04.2014

Дневен хороскоп 19.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ве прават силни да можете да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот, преќутете и не се расправајте.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Кај вас е присутна љубовта кон вистината, отвореноста и чесноста, па многу ќе се чудите кога нешто ќе тргне наопаку. Ќе бидете во ситуација јасно да го разграничите доброто од злото така што вашата совес ќе биде чиста и мирна. Благата нервоза е последица на вашиот колеричен темперамент.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе се чувствувате прилично лошо. Намалете го бројот на комуникации и вимавајте што и пред кој зборувате. Личностите поврзани со вашата работа нема да ви бидат наклонети. Ќе се појави големо разочарување и стресови.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјални, па до духовни. Бидете подинамични и поконкретни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Умереноста и одмереноста во се се најдобрата варијанта. Не ги прифаќајте принципите на однесување од некој во ваша близина, ако тие се спротивни на вашите. Тешко ќе можете да ги следите бидејќи вашата природа е поинаква.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен работен ден, а тоа е затоа што ве следи среќата. Во емотивниот живот ќе мора да ја контролирате вашата посесивност и приврзаност кон партнерот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете во друштво со личности кои не ви се многу омилени, но со можностите кои ќе ви ги нудат ќе ве направат задоволни. Во љубовта како да не сте многу заинтересирани, па дури и ќе ги избегнувате блиските средби.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работите ќе ги извршувате многу смирено, а доколку нешто не ви оди од рака, тоа нема негативно да се одрази на вас. Бидете упорни во полето на финансиите, бидејќи имате голема прилика да ја подобрите паричната состојба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Само ако бидете активни и ако дознаете што навистина сакате можете да се надевате на нешто. Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Внимавајте во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидејќи денов е одличен за уметност, а неповолен за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите во кино, театар – одлично ќе се чуствувате. Работните задачи оставете ги настрана, кога ќе бидете психички подготвени започнете да ги извршувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одлично ќе бидете расположени, но доколу не преземете нешто за ваквата ситуација да потрае тогаш би дошло до сосема спротивното. Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП