Сопственикот на Интер, Ерик Тохир ја промовираше својата намера да доведе во Милано голема ѕвезда. Зацртаните имиња од индонезискиот магнат се Един Џеко, Фернандо Торес и Алваро Мората.
„Сакам Интер да го направам моќен тим. Веќе го обезбедивме Ернанес, наскоро и Видиќ ќе се приклучи кон нас, па така ќе треба да земеме и напаѓач. Во нашето видно поле се вртат големи имиња како Џеко, Торес и Мората и се надевам дека еден од нив ќе пристигне кај нас, а тоа ќе биде навистина добро, изјави Тохир.
„Сакаме да се вратиме во Лигата на Шампионите најдоцна за две – три години. Интер е меѓу 15-те водечки фудбалски брендови во светот. Сакам да влеземе во Топ 10 “, ги додаде амбициозните цели шефот на „нероазурите“.