30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW повлекува над 150.000 возила

BMW повлекува над 150.000 возила

bmw2-ap_ff

„BMW“ соопшти дека ќе повлече 156.137 свои автомобили со шестцилиндрични мотори произведени меѓу 2010-та и 2012-та година поради проблеми со штрафовите на брегастата осовина.

Повлекувањето се однесува само на моделите кои се продадени на пазарот во САД, а германската компанија соопшти дека проблематичните штрафови можат да се разлабават или во најлош случај да пукнат.

Во случај да дојде до дефект, на контролната табла треба да се вклучи сијаличката „Check Engine“ или „Service Engine Soon“, а од „BMW“ напоменаа дека и покрај предупредувањето корисниците можат да продолжат да возат со своите автомобили, иако проблемот со текот на времето ќе се влоши.

Сите возила кои се опфатени со овој проблем имаат шестцилиндрични мотори, а станува збор за голем број на модели: „Ѕeriеѕ 3“, седаните „Ѕerieѕ 5“, „Ѕeriеѕ 5 Gran Turizmo“, кросоверите „X3“, „X5“ и „X6“, спортскиот автомобил „Z4“ и купе и кабриолет верзиите од „Ѕerieѕ 1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП