18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан сака двајца фудбалери на Челзи

Милан сака двајца фудбалери на Челзи

michel obi cole

Тимот на Милан е на добар пат да земе уште двајца фудбалери кои се непотребни на Челзи. Станува збор за Ешли Кол и Џон Оби Микел, чии договори истекуваат на крајот на сезоната.

По успехот над Катанија во неделата, тренерот на „росонерите“ Кларенс Сидорф призна дека има потреба од нов лев бек.

„Би сакал да ги имам Сержињо и Кафу, но не можам. Констант е полудефанзивец, а Емануелсон играл како лев бек само неколку натпревари. Ние навистина немаме лев бек“, коментираше Сидорф.

Ешли Кол има 33 години, а од почетокот на сезоната го загуби првотимскиот статус во Челзи за сметка на Цезар Аспиликуета.

Слична е ситуацијата и со дефанзивниот играч од средниот ред, Оби Микел, кој исто така игра многу ретко. Сериозен интерес кон него има од страна и на Интер.

Интересно е дека во зимскиот преоден рок Милан привлече уште еден непотребен играч од Челзи – Мајкл Есиен. Ганаецот има договор со тимот до крајот на сезоната, но Жозе Мурињо се согласи да го пушти без пари уште во текот на зимата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП