3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку е желба на тимот од Дортмунд

Лукаку е желба на тимот од Дортмунд

lukaku and chelsea

Борусија Дортмунд има намера да упати понуда за голгетерот на Евертон, Ромелу Лукаку, кој е во сопственост на Челзи и игра под наем кај „карамелите“.

„Милионерите“ веќе го договорија трансферот на колумбискиот репрезентативец и напаѓач на Херта, Адријан Рамос, кој се очекува да го замени Роберт Левандовски кој на крајот на сезоната заминува во Минхен. Јирген Клоп, сепак, сака да има во својот состав два еквивалентни напаѓачи и според него Лукаку е одлична опција.

Белгискиот репрезентативец треба да се врати во Челзи во текот на летото, но до моментов менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо не покажува дека има намера да смета на него, наместо тоа, тој планира да бара нови напаѓачи.

Евертон исто така се надева дека ќе може да го задржи за постојано Лукаку, кој има 13 гола во 20 натпревари во дресот на „карамелите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП