26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.04.2014

Дневен хороскоп 14.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Напорен ден, исполнет со непријатни изненадувања. Не ги земајте при срце. Пред да се нурнете во депресија помислете си дека може да биде и полошо. Денес посветете му поголемо внимание на семејството.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви претстои успешно ново пријателство. Ќе биде со претставник на спротивниот пол, кој ќе ви понуди добар начин на кој ќе заработувате. Прифатете го. Денот ќе ви биде совршен, семејството и пријателите ќе ве фалат во секој миг.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Внимавајте на кого му се доверувате, некој во вашата близина ги искористува информациите кои ги добива од вас. Ќе следи разочарување кога ќе го дознаете името на тој лик. Но, премногу се надевавте и верувавте во луѓето, сами сте виновни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не правете никакви ризици поврзани со пари. Ниту со сопствените, ниту со туѓите. И внимавајте на имотот. Проверете дали сте заклучиле откако ќе излезете. Можно е да искусите некоја екстремна ситуација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Искористете го денешниот ден за професионален напредок. Ќе имате прекрасна можност да разговарате со луѓе од вашата дејност и да размените неформални информации. Ќе ви бидат од голема корист.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не се плашете ако ве разбуди некој телефонски повик. Потрудете се да мислите брзо. Во текот на денот ќе имате неколку поважни средби кои се многу важни за вашата работа, ако не ги исполните очекувањата постои можност да ја изгубите работата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пратете ги строго приходите и трошоците на вашите сметки во банката. Пратете ги исто така и фактичките трошоци кои ги реализирате непосредно. Можно е да постои некоја неправилност. Денот ќе ви помине мирно ако не ставате се што е важно и неважно при срце.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Претежно со финансиски прашања ќе се занимавате денес. Ќе добиете дополнителни приходи и додека им се радувате, ќе ги потрошите. Не се нервирајте, сепак ќе ги потрошите за нешто убаво.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доста напрегнати моменти ќе преживеете денес. Ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите, но барем не пренесувајте негативна енергија на најблиските. Финансиите ви се слаба страна, не трошете премногу.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сочувајте го оптимизмот и чувството за хумор денес. Настаните ќе бидат контрадикторни. Не барајте преголема идеалност на позитивното а не треба да бидете ниту премногу очајни за негативното. Вечерта иако многу уморни, ќе го сортирате овој ден во еден од најуспешните.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Потрудете се да ги завршите најважните обврски пред пладне. По ручекот е многу веројатно да ве поканат на некоја свеченост. Не откажувајте, ќе се случат интересни настани од кои во иднина може да добиете големи поволности.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу разговори, средби и контакти ви престојат денес иако не бараат многу време за извршување. Внимавајте на здравствената состојба. При појавување на кашлица или настинка превземете итни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП