26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.04.2014

Дневен хороскоп 13.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Дали се чувствувате неспособни кога станува збор за најновата технологија. Ако тоа е така, денес ќе се изненадите самите себе. Ќе решите нешто како да сте роден мајстор за тоа. Слободно едуцирајте се малку и погледнете во книгите или на интернет нешто за таа тема. Ќе видите дека можете да го решите тоа без ничија помош.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Убавиот збор железни врати отвора. Бидејќи вербално во толкава мерка се испразнивте, носите одлука да бидете помили и поодмерени во комуникацијата со околината. Немате време за губење, зашто новата работа и инвестициите премногу ве окупираат за да се посветите само на тоа. Другите работи се во втор план. Но, сепак внимавајте на вашето однесување со околината, премногу сте емотивни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Вие сте личност  која има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нетрпеливи сте и постојано го менувате вашето мислење, расположение, правите тактика како да се поставите во ситуација во која реално имате на кого да се потпрете. Ја користите слабоста на другите за да успеете да ги истакнете своите квалитети.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот. Направете нешто непредвидливо. Прифатете нечија понуда за лудување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Стравувате дека некој може да ви направи лоша реклама и за вас да каже невистини или можеби без лоша намера за вас да каже нешто што вие сте му го кажале со доверба. Финансиската ситуација не ве загрижува посебно, имате на кого да се потпрете и доволно планови кои во брзо време би можеле да се реализираат. Очекувате поддршка од влијателни лица, но освен еден Јарец, една Вага и Бик вие немате многу добри пријатели на кои можете да им се доверите за вашите проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашиот знак денес е под влијание на Месечината во Близнаци што придонесува со чувство на засилена креативност и ви овозможува да доживеете лична сатисфакција преку некоја работа во која од вас се очекува да поседувате личен шарм и добра способност во комуникацијата. Денешната позиција на Месечината која највеќе влијае на зголемената нервоза може да биде исцрпувачка за вас ако се занимавате со работа преку која доаѓате во конфликт со лица многу постари од вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Неуморни сте. Се наоѓате во тешка ситуација бидејќи работите по шаблон. Не преоптоварувајте се премногу. Дружете се со оние од кои зрачи позитивна енергија. Смирете се и сфатете дека трудот се исплати. Одредена одлука ќе ја базирате на ваше претчувство и нема да зажалите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП