20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го најави својот прв Plug-In хибриден автомобил

Bentley го најави својот прв Plug-In хибриден автомобил

bentli hibrid

„Bentley“ e уште еден во низата на производители на ексклузивни автомобили кој не се спротивстави на воведувањето на хибриден погон. За саемот во Пекинг е подготвена концептна верзија на моделот „Mulsanne“, a според најавите од оваа компанија, до 2020-та година скоро сите модели на овој производител ќе имаат продукциска „Plug-in“ хибридна верзија.

Како што велат во оваа компанија, „Bentley Hybrid Concept“ е опремен со погонски систем кој обезбедува за 25 проценти поголема моќ од онаа кај стандардниот модел, додека во исто време има 70 проценти помала емисија на јаглерод-диоксид.

bentli hibrid1

„Bentley“ тврди дека сите идни хибридни продукциски модели ќе може да поминат најмалку 50km движејќи се само на електромотор. Покрај тоа, сопствениците нема да бидат лишени од квалитетот и ексклузивноста која „Bentley“ ја нуди во своите стандардни автомобили.

Според претходните најави, првиот сериски „Bentley“ кој ќе има хибриден погон би требало да биде идниот „SUV“ модел кој на пазарот ќе се појави во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП