29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.04.2014

Дневен хороскоп 11.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Желбите ви се нејасни, намерите – уште повеќе. Денес сте склони да се движите во тек со работите. На личен план е добро да работите индивидиуално, додека за службените прашања е најдобро да се консултирате со вашите колеги.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за се, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите.  Денес бидете винимателни , и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Најверојатно ќе ја зачудите околината со вашите реакции. Во момент кога очекуваат да сте спокојни, трпеливи и деликатни вие ќе реагирате апсолутно директно па дури и напаѓачки. А тогаш кога би требало да бидете такви, ќе одговорите со насмевка. И така е најдобро.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не ги ставајте на срце советите од страна. На професионален план следете ги правилата, а на личен план почитувајте ги желбите на блиските. Ве очекува бурен период, постапувајте промислено.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

До предпладне времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа , сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искоритете го претстојниот викенд и завршете ги.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Кратко патување и маргинална службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни -тоа ќе трае кратко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП