9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го купи Киргизгас за еден долар

Газпром го купи Киргизгас за еден долар

gazpromkirgizgas6564566

Парламентот на Киргистан ја одобри продажбата на презадолжената државна компанија Киргизгас на Газпром за еден долар.

Овие две компании на крајот на јули минатата година потпишаа меѓувладин договор во Москва, со кој се договорија Газпром за симболична цена да ја добие мнозинската сопственост над Киргизгас, а осум проценти од акциите да бидат на Социјалниот фонд на Киргистан и поединци.

Покрај купувањето на акциите на Киргизгас, рускиот Газпром ќе ги отплати и долговите на оваа гасна компанија, кои се проценуваат на околу 30 до 50 милиони долари.

Владата на Киргистан очекува дека Газпром по влезот на нивниот пазар ќе инвестира околу 655 милиони долари во дистрибутивниот систем за гас, како и во геолошките истражувања во таа земја.

Освен тоа, властите на Киргистан се надеваат дека Газпром ќе ги обезбеди потрошувачите со постојани залихи на гас, бидејќи оваа змеја во текот на есента и зимата страда од недостаток на гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП